Нашите кошаркари ќе играат во полуфиналето на ФИБА „Челенџерот“ во Шопрон

Фото: kfsm.mk

После двете победи над Луксембург (73:57) и Романија (79:78) денеска во последното трето коло од групната фаза македонската младинска селекција „Под 20“ години загуби од Швајцарија со 65:79.

Но, и покрај поразот избраниците на селекторот Тони Симиќ во конечната разврска од групата „Д“ го освоја второто место кое води во следниот круг, поточно во полуфиналето на ФИБА „Челенџерот“ кој се одржува во Шопрон, Унгарија.

Имавме коректна прва четвртина во која Швајцарците стигнаа до водство со последниот обид (28:26). Но, не продолживме во исто темпо, особено тоа се однесува за средишниот дел од натпреврот во кој ривалот покажа дека во овој момент е подобар.

Селекторот Симиќ мораше да игра со уште пократка ротација, што се одрази на играта, токму во втората односно третата четвртина кога противникот изгради убедливо водство доволно за на крајот да дојде до триумфот.

Фото: kfsm.mk

Во нашите редови 17 поени и девет скокови запиша Дарио Митевски, додека Љубиша Димитровски дојде до 15 поени и девет скокови. На спротивната страна 18 поени и 12 скокови забележа Кевин Мартина, следен од Нико Рочак со 17 поени и 19 скокови.

Три репрезентации во нашата група завршија со ефект (2-1), а во „триаголникот“ со селекциите на Швајцарија и на Луксембург имаме втор најдобар резултат.

Утре е слободен ден на „Челенџерот“ во Шопрон, а во полуфиналниот меч нè чека подобриот од средбата Унгарија–Белорусија која стартува од 19.30 часот.

МЕЃУСЕБНИ НАТПРЕВАРИ

Македонија – Луксембург 73:57

Луксембург – Швајцарија 69:67

Македонија – Швајцарија 65:79

ТАБЕЛА

1.Швајцарија 2 1 1 146:134 +12

2.Македонија 2 1 1 138:136 +2

—————————————————————————

3.Луксембург 2 1 1 126:140 -16

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот