Фејсбук избриша 5,4 милијарди лажни профили само оваа година

Само во 2019 година, Фејсбук избриша 5,4 милијарди лажни профили од својата главна платформа, но се проценува дека има уште милиони невалидни регистрации, според социјалната мрежа.

За споредба, во текот на изминатата 2018 година, компанијата избриша 3,3 милијарди фалсификувани сметки.

Околу 5% од активните корисници на месечна основа, кои изнесуваат вкупно 2,5 милијарди корисници, се всушност лажни профили, велат од Фејсбук.

Ова се случува, и покрај тоа што системот на технолошкиот гигант фаќа лажни регистрации веднаш штом се спроведат, пренесува СNN.

Соопштението го демонстрира предизвикот со кој се соочува Фејсбук пред претседателските избори во САД во 2020 година.

Аналитичарите и регулаторите се подготвуваат за инвазијата на лажни и погрешни содржини на социјалната мрежа, по скандалите околу изборите во 2016 година, кои, сепак, останаа само на зборови, бидејќи руската интервенција не беше докажана.

Објавата на извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг, за бројот на отстранети регистрации лажни профили, е знак за тоа колку сериозно компанијата се ангажира со решавањето на проблемите со погрешните информации.

– Тоа, дека бројката е голема, не значи дека има толку многу злонамерни содржина. Значи, ние само напорно работиме за да ја идентификуваме таа содржина, па затоа и бројките се големи – рече тој пред новинарите.

Бројот на избришани лажни профили се искачи на почетокот од оваа година кога Фејсбук објави дека ќе затвори повеќе од 2 милијарди профили за само три месеци – помеѓу јануари и март.

Во текот на следниот квартал, компанијата отстрани 1,5 милијарди фалсификувани профили. Во третиот квартал, бројот на избришани лажни регистрации беше 1,7 милијарди.

Најавата доаѓа против позадината на новата политика за транспарентност на Фејсбук, која за прв пат вклучува презентирање на информации за Инстаграм.

Помеѓу април и септември, податоците на Инстаграм покажуваат дека се избришани околу 3 милиони објавувања што ги кршат политиките на платформата за продажба на наркотици. 95.000 публикации се отстранети во врска со забраната за продажба на оружје.

Правилата на Инстаграм влијаат на нешта како експлоатација на деца, самоубиства, самоповредување и терористичка пропаганда. Но, за разлика од политиките на Фејсбук, нема никаква забрана за вознемирување или говор на омраза на Инстаграм.

Фејсбук е под притисок во последните неколку месеци поради тоа што дозволува говор на омраза на својата платформа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот