„Фамозното“ интервју на Опра со принцот Хари и Меган номинирано за „Еми“

меган хари опра
ФОТО: Instagram

„Фамозното“ интервју на војводата и војвотката од Сасекс со Опра Винфри, кое се емитуваше на „CBS“ во март е номинирано во категоријата „Најдобро одржана нефикционална емисија или Специјална категорија“. Хари и Меган не биле номинирани лично, туку Винфри и продуцентите на емисијата (Тара Монтгомери, Тери Вуд, Брајан Пјотрович, Бред Павоне, Линдзи Фледер), пренесува „Harper’s Bazaar“.

Долгоочекуваното интервју, што го обележа првиот јавен и искрен разговор на парот за нивните искуства во кралската институција, го следеле најмалку 17,1 милиони гледачи и стана жешка тема на дискусија со денови.

меган хари опра
ФОТО: Instagram

Во двочасовното интервју војводата и војвотката од Сасекс споделија детали за нивното повлекување од кралските улоги, затегнатите односи на Хари со неговото семејство и борбите на Меган да најде поддршка во „Фирмата“, како и расизмот што го доживеала во палатата и од медиумите. Во едно особено вознемирувачко откритие, Меган споделила дека додека била бремена со своето првородено Арчи Маунтбатен-Виндзор, имало „неколку разговори“ за бојата на кожата на нејзиното идно дете.

„Во тие месеци, кога бев бремена, скоро во исто време, разговаравме дека нема да биде безбеден, нема да му се даде титула и исто така за грижите за тоа колку ќе биде темна неговата кожа кога ќе се роди“, рекла таа.

Меган зборуваше и за своите битки со менталното здравје за време на нејзините најтешки моменти во палатата и за тоа како таа и Хари морале да продолжат со јавните ангажмани како сè да е во ред. „Го споделувам ова затоа што има толку многу луѓе кои се плашат да изразат дека им треба помош“, откри таа.

Во нивната категорија за „Еми“ награда, Хари, Меган и Опра се натпреваруваат против „Мојот следен гостин нема потреба од вовед со Дејвид Летерман“, „Стенли Тучи: Барање на Италија“, „Обединети нијанси на Америка со В. Камау Бел“ и „Вајс“.

Ова ја обележува 10-тата „Еми“ номинација за Винфри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот