Евровизија сепак со публика: 3.500 лица со негативен ковид тест ќе можат да присуствуваат во живо

EPA
Фото: EPA-EFE/SANDER KONING

Со почитување на епидемиолошките мерки и со негативен тест на Ковид-19, на 3500 лица ќе им биде дозволено да присуствуваат на овогодинешното издание на Евросонг во холандскиот град Ротердам во мај.

Како што наведува „Ројтерс“ овој настан ќе биде дел од групата настани и манифестации кои во Холандија се одржуваат под називот „филдлаб“, а во кои им се овозможува на мали групи луѓе да влезат во театар, конференциски центри, културни настани и на фудбалски натпревари под строг надзор.

eurovision.tv

Организаторите на Евровизија претходно потврдија дека поединечните настапи ќе бидат одржани во Ротердам на 18, 20 и 22 мај, со одржување на физичка дистанца, но без прецизирање дали ќе биде дозволено присуство на публика.

Како што наведува холандскиот весник „De Telegraf“, повикувајќи се на извори од владата, на пробите, полуфиналето и финалето ќе може да присуствуваат најмногу 3500 луѓе кои живеат во Холандија.

Оваа година во Ротердам на Евровизија ќе учествуваат вкупно 39 земји, а сите они кои ќе сакаат настанот да го следат во живо ќе мора да имаат негативен тест на Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот