Еликсир против пролетен замор и променливо време: Лесно се подготвува и го препородува организмот

Фото: Инстаграм

Иако едвај го дочекавме убавото време и сончевите денови, сепак во овие денови сите се чувствуваме некако уморни, а многумина се жалат и на главоболки. Тоа особено често се случува на пролет кога времето е топло, па наеднаш повторно ладно. За да го намалите лошото влијание на времето на вашето тело нутриционистите препорачуваат да го пиете овој напиток, кој му помага на телото побрзо да се регенерира.

Симптомите на пролетен замор и несаканите реакции на често променливото време се:

слабост
раздразливост
главоболка
пад на имунитетот
губење на апетит
немирен сон
бавни рефлекси
бавно варење…

За да му помогнеме на нашето тело полесно да се справи со овие промени, неопходно е да го зголемиме времето поминато на свеж воздух и да јадеме што е можно повеќе здрава храна.

Овој еликсир ќе ви помогне да внесете доволно железо, витамин Ц и други микронутриенти. Една недела, доколку сакате и повеќе, секое утро штом ќе станете, пијте по една чаша од овој еликсир и сите симптоми ќе ви исчезнат, а ќе се подобри и вашето општо здравје.

Подготовката е многу едноставна:

Во соковник ставете 4 моркови, 4 помали цвекла, 4 јаболка, а доколку користите блендер или ренде, по дробењето, сокот процедете го преку газа. Додадете сок од 1 лимон, ставете го во шише и ставете го во фрижидер.

Иако лимонот служи како конзерванс, овој пијалок најдобро е да се пие во следните 3 дена.

Совет плус: Секое утро консумирајте и по едно кафено лажиче природен мед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот