Еди Рама за српските претставници на форумот во Брисел: „Поздравете ја руската делегација“

Албанскиот премиер Еди Рама во еден момент ја нарекол српската делегација, предводена од Ана Брнабиќ – „руска делегација“ на Форумот за проширување на Европската Унија, кој се одржа претходните денови во Брисел, потврди координаторката на Националниот конвент за ЕУ, Бојана Селаковиќ, објави „Нова“.

„Од анегдотите од маргините на овој собир, би истакнала дека бројната црногорска делегација на чело со премиерот Спаиќ, своето доцнење на почетокот на Форумот го надомести со спектакуларен влез во стил на ослободувачи, а дека попладневното враќање на српската делегација во салата, предводена од претседателката на Собранието Брнабиќ, се случи во моментот кога зборуваше Еди Рама. Гледајќи ги, тој ги замоли сите присутни да го ‘поздрават влегувањето на руската делегација’,“ напиша Селаковиќ на социјалната мрежа „Икс“, пренесувајќи ги своите впечатоци од настанот во Брисел на кој присуствувала.

Европската Унија со години ја предупредува Србија дека блиските односи со Русија се пречка за напредокот на земјата кон ЕУ, а од Брисел последниве месеци доаѓаат сè поостри критики за односите меѓу Белград и Москва.

Рама ја обвини британската министерка за внатрешни работи за етнички стереотипи кон Албанците

Албанскиот премиер Еди Рама е познат како политичар склон кон неконвенционално однесување и шеги во јавни настапи, па и оваа негова изјава учесниците ја прераскажуваат како анегдота.

Сепак, јасно е дека на овој начин и соседите на Србија, кои, исто така, се на европскиот пат како и Србија, сакаат да покажат што мислат за нејзината надворешна политика, се наведува во текстот на

Ана Брнабиќ за „Слободен печат“: Вучиќ пружи рака за дијалог, чекаме некој да ја прифати

Првиот Форум за проширување ги обедини претставниците на Европската комисија, земјите-членки и државите-кандидати, при што беа испратени јасни и охрабрувачки пораки за извесноста на следниот циклус на проширување. Меѓу главните заклучоци од сите панели се издвојува дека Црна Гора, Албанија и Молдавија направиле огромни чекори напред во текот на оваа година, а дека Србија има уште малку време да донесе конечна одлука дали сака да го фати местото во „возот“ заедно со овие земји.

Албанија утре ќе го отвори последниот кластер од преговорите со ЕУ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот