Министерство за правда, администрација и дигитална трансформација Хрватска

„Нема работно време како шалтерите“ — Централниот државен портал во Хрватска доби ВИ-асистент

Граѓаните во Хрватска отсега можат да користат виртуелен асистент со вештачка интелигенција на централниот државен портал gov.hr за полесно да пронајдат информации за јавните услуги и полесна комуникација со државната администрација, соопшти хрватското Министерство за правда, администрација и дигитална трансформација.

Виртуелниот асистент, базиран на вештачка интелигенција, им овозможува на корисниците да поставуваат прашања на хрватски јазик, слично на разговор со службено лице, без потреба од познавање на административни процедури или сложени веб-пребарувања. Системот пребарува во базата на порталот gov.hr и дава одговори врз основа на официјални и ажурирани информации, соопшти хрватското Министерство за правда, администрација и дигитална трансформација.

Како што нагласија, наместо граѓаните самостојно да бараат членови, закони и описи на услуги, системот им овозможува да ги поставуваат своите прашања како да разговараат директно со службеник на шалтер.

Услугата е достапна на граѓаните 24 часа на ден, седум дена во неделата, за време на викенди, празници или среде ноќ, што целосно ги елиминира ограничувањата на класичното работно време на шалтер, со максимална заштита на приватноста.

Без разлика дали станува збор за информации за тоа како да се добие нов пасош, како да се запише дете во градинка или како да се промени живеалиштето, ВИ-асистентот ја анализира целата база на знаење на порталот gov.hr за секунди и нуди прецизен, структуриран одговор со врски до специфични е-услуги.

Новата услуга беше воведена како дел од проектот за воспоставување единствен контакт центар за сите е-јавни услуги, финансиран од Националниот план за закрепнување и отпорност (NPOO), чија цел е да се олесни пристапот на граѓаните до информации и дигитални услуги на јавната администрација.

Базата автоматски се ажурира секојдневно, што значи дека сите нови информации објавени од државните органи веднаш стануваат достапни за ВИ-асистентот.

Андоновски: Дата-центрите сè уште се само во фаза на преговори

 

Вештачката интелигенција може да помогне во здравството, но не и да ги замени лекарите, вели Алиу

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот