Руска делегација положи цвеќе на споменикот на Ослободителите на Скопје

Делегација на амбасадата на Русија положи цвеќе на споменикот на Ослободителите на Скопје. Во твитер пораката Амбасадата на Руската федерација во Македонија напиша: „Денеска се наполнуваат 75 години од Денот на ослободувањето на Скопје од нацистичката окупација. Оддаваме почит во чест на хероите-ослободители и во слава на традицијата на македонската антифашистичка борба“.