Пилот од Канада 17 години возел големи патнички авиони, а немал дозвола
Поранешен пилот на авиокомпанијата „Ер Канада“ е обвинет дека со години управувал со патнички авиони без соодветна дозвола, пренесува Би-би-си.
Препорачано
Според истрагата, Џефри Вол (59) од Бери, Онтарио, од 2009 до 2025 година работел како капетан на повеќе од 900 домашни и меѓународни летови, иако немал лиценца потребна за управување со големи комерцијални патнички авиони.
Иако имал важечка дозвола за комерцијален пилот, Вол бил унапреден во капетан без да ја поседува потребната лиценца за линиски пилот, соопшти компанијата.
„Тврдењето е дека од 2009 година летал, лажно претставувајќи се и користејќи фалсификувани документи за лиценцирање пред својот работодавец и регулаторните тела“, изјави заменик-началникот на полицијата, Ник Милинович.
Според него, Вол напредувал до позиција командант на воздухоплов и речиси 17 години управувал со авиони од типовите „Боинг 767“, „Боинг 777“ и „Боинг 787“.
Неправилностите биле откриени при проверка на документацијата, по што регулаторното тело Транспорт Канада ја известило полицијата.
Од „Ер Канада“ соопштија дека пилотот веднаш бил отстранет од должност кога било утврдено дека нема соодветна дозвола, а случајот доброволно бил пријавен кај надлежните власти. Компанијата наведе дека Вол повеќе не е нивен вработен.
„Безбедноста не беше загрозена со овој инцидент, бидејќи сите пилоти поминуваат низ задолжителна обука на секои шест месеци и годишни проверки на летачките способности“, соопшти авиокомпанијата.
Јапонска градоначалничка испиша историја — таа е првата функционерка што отишла на породилно


