Немало докази дека помагал во убиството на мафијашот Баја — бившиот белградски полициски шеф Милиќ нема да одговара
Вишото јавно обвинителство во Белград соопшти дека делумно ја отфрлило кривичната пријава против поранешниот началник на Полициската управа на Градот Белград, Веселин Милиќ, односно дека тој нема да се гони за помагање во убиството на мафијашот Александар Нешковиќ-Баја, јавија српските медиуми.
Препорачано
Но, Обвинителството соопшти дека во врска со делот од кривичната пријава што го товари Милиќ за Непријавување на кривично дело и сторител, продолжува да собира докази, се вели во соопштението.
Милиќ е поранешен шеф на белградската полиција, како и советник на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а извршувал и други високи позиции во српското МВР. Случајот со убиството на мафијашот Баја, чие тело беше пронајдено во буре и идентификувано со ДНК-анализа, ја згрози јавноста
Обвинителите низ истрагата за убиството, извршено на 12 мај во ресторан во Белград, утврдило оти нема докази што укажуваат дека обвинетиот го сторил кривичното дело Помагање.
„Врз основа на надзорните камери од адресата на живеалиштето на оштетениот А.Н. и осомничениот Веселин М., како и камерите од ресторанот „Кафе Дрим“, потоа врз основа на базните станици и прегледот на телефоните на лицата за обезбедување на осомничениот и базните станици на осомничениот, како и анализата на исказите на испитаните сведоци, одбраната на осомничениот и другите докази, неоспорно и недвосмислено се утврдува дека тој не бил, ниту можел да биде, на местото на настанот, односно во ресторанот „27“, кога, како што се сомнева, е извршено кривичното дело убиство и други кривични дела, односно дека осомничениот не им помогнал на другите обвинети во оваа постапка да ги отстранат трагите од нивното извршување со прикривање на трагите од тие кривични дела, се вели во соопштението за јавноста.
Сепак, Обвинителството вели дека и натаму постои основано сомнение дека Милиќ знаел за убиството по службена должност, но и покрај тоа не го пријавил.
„Од собраните докази, постојат основи за сомнение дека ноќта помеѓу 12 и 13 мај, Веселин М. бил телефонски известен од сопственикот на ресторанот за кој се сомнева Н.Л. за настан во ресторанот каде што во тој момент се наоѓале и други гости, и дека по дознавањето за сторените кривични дела за кои се гони по службена должност, не ги пријавил кај надлежните органи, а бил должен да го стори тоа, се вели во соопштението на Обвинителството.


