Доставувач заиграл од среќа кога видел што го чека пред вратата на една куќа (ВИДЕО)

принтскрин

Сезoната на празници е пред нас, а благодарение на интернетот, купувањето на божиќните подароци стана многу полесно отколку претходно.

За жал, тоа воедно е и сезона на брзање и стрес за оние кои испорачуваат пакети пред куќните прагови.

За среќа, постојат и оние кои се грижат за вредните доставувачи на подароци кои внимателно си ја извршуваат својата работа.

Една од нив е Кети Оума, чие видео од доставувачот кој толку многу се развеселил поради тоа што го дочекало пред вратата неодамна стана хит на социјалните мрежи.

„Те молам, земи малку благо за да можеш да уживаш во понатамошното разнесување на новогодишните пратки. Ти благодарам што празничното купување ни го правиш полесно“ – напишала Кети во писмото кое било оставено за доставувачите.

Publiée par Kathy Ouma sur Mardi 3 décembre 2019

„Ова е толку убаво и слатко“, цело време повторува доставувачот на видеото.

Publiée par Kathy Ouma sur Mardi 3 décembre 2019

„Ова ми го разубави денот. Секоја година оставам слатки пред вратата“, напишала скромната Кети кој му го разубави денот на пресреќниот доставувач.

THIS!❤️❤️ Made my day! I leave goodies out every year.#AmazonPrime

Publiée par Kathy Ouma sur Lundi 2 décembre 2019

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот