Доколку вашето дете покажува дека го боли стомакот во ПРЕДЕЛОТ НА ПАПОКОТ, веднаш водете го на доктор! – Слободен печат
ЗдравјеМагазин

Доколку вашето дете покажува дека го боли стомакот во ПРЕДЕЛОТ НА ПАПОКОТ, веднаш водете го на доктор!

Болките кои траат подолго од еден ден се знак дека итно морате да се јавите на доктор...

Родителите на едно дете од Србија биле затекнати од ненадејната смрт на едно и пол годишниот син Стеван Н. кој починал во својот дом. Како што објавија српските медиуми, наодите од обдукцијата покажале дека момчето починало поради воспаление на абдоменалната марамица и слепото црево.

Иако воспалението на слепото црево кај децата помлади од две години е многу ретко, воочувањето на симптомите може да биде тешко поради неспособноста на детето да каже.

Меѓутоа, кога детето ви покажува дека го боли стомакот во пределот на папокот, тоа лесно може да биде сигнал за акутно воспаление на слепото црево.

Иако воспалението на слепо црево најмногу ги погодува тинејџерите и оние во дваесетите години, може да се појави и кај малечките деца.

Доколку болките на вашето дете се влошуваат при движење, длабоки вдишувања, кашлање или кивање, веднаш однесете го детето на доктор со цел да не дојде до пукање на слепото црево и сепса.

И додека симптомите на воспаление на слепото црево кај возрасните се губиток на апетитот, мачнина, повраќање, блага температура, потење, опстипација или дијареа, кај децата овие симптоми се разликуваат.

Деца постари од 5 години

Повеќето деца на оваа возраст ќе добијат температура и остра болка во абдоменот.

Децата исто така можат да имаат и зголемено ниво на бели крвни зрнца, што е знак за инфекција.

Некои деца со воспаление на слепо црево имаат и други карактеристични симптоми вклучувајќи мачнина, повраќање и недостаток на апетит.

Децата помлади од 5 години

Акутните воспаленија на слепото црево може да предизвикаат различни комбинации на симптоми кај многу малите деца. Децата меѓу 2 и 5 години најчесто имаат болка во стомакот и повраќање, а често и грозница и губиток на апетитот.

Новородените деца и оние помлади од 2 години првите симптоми ги покажуваат со повраќање, натечен стомак, грозница, но и дијареа.

Ако вашето дете покаже било кој од овие симптоми, кои навистина можат да бидат и знак за некоја друга состојба, немојте ништо да претпоставувате туку веднаш однесете го детето на итен преглед.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close