Дијана лично ја повикала во Кенсингтонската палата: Принцот Вилијам бил лудо вљубен во убавицата која сите ја знаеме!

Фото: Профимедиа

Принцезата Дијана сакала на својот син Вилијам да му исполни една голема желба – па така таа лично ја повикала жената по која принцот бил „луд“ како тинејџер.

Супермоделот Синди Крафорд минатата година ѝ се придружи на својата колешка и пријателка Наоми Кемпбел во нејзината емисија „No filter“ на Јутјуб и тогаш откри неверојатни детали од својот живот.

Фото: Профимедиа

Синди открила сè за својата средба со принцезата Дијана која се случила во Лондон.

„Бев шокирана што сум во Кенсингтонската палата и што имав можност да се запознаам со принцезата Дијана и да видам колку таа жена е приземна и нормална“, откри Синди.

Таа признала дека била воодушевена од нејзината скромност, па додала: „Ја обожавав принцезата Дијана, баш ја обожавав“.

Крафорд исто така призна дека многу ја изненадил повикот од принцезата таа да оди кај нив на посета.

„Беше толку љубезна и лично ми се јави во мојата канцеларија, велејќи: Добар ден, тука е принцезата Дијана, а мојата асистентка која што се јави на телефонот не можеше да верува дека тоа е вистина, но беше“, се присети таа.

Фото: Инстаграм

Во разговорот таа спомена дека оваа средба ѝ останала како исклучително драг спомен и дека принцезата се трудела таа да се чувствува како дома.

Како воопшто дошло до тоа?

За тоа е заслужен принцот Вилијам кој во тоа време додека бил тинејџер бил лудо заљубен во Синди Крафорд. Поради тоа што многу сакал да ја запознае, мајка му му помогнала во тоа.

Притисокот поради тоа што ќе се запознае со најстариот син на Дијана го чувствувала и самата Синди, но поради друга причина.

Instagram
Instagram

Имено, нејзе пред средбата ја мачело што ќе облече, поради тоа што не сакала да изгледа старомодно и да го разочара младиот принц, а од друга страна знаела дека мора да го почитува нивниот протокол доколку сака повторно да ја повикаат.

На крајот одлучила за вистинска класика – мал црн фустан!

Видео на денот