Џиџи Хадид објасни зошто го криеше трудничкиот стомак и конечно го покажа – Ќерката пристигнува во септември!

Фото: Профимедиа

Манекенката Џиџи Хадид за првпат го покажа трудничкиот стомак додека разговараше со своите следбеници на Инстаграм.

„Ова е мојот стомак“, рече расположено манекенката и се заврте на страна за да ја покаже неговата големина.

Џиџи својот труднички стомак го држи далеку од очите на јавноста, а сега објасни и зошто е тоа така.

„Очигледно многу луѓе се збунети зошто ништо не споделувам. Бремена сум во период на пандемија и, очигледно, постојат многу поважни работи во светот. Многу луѓе го загубија животот поради коронавирусот и тоа сè уште се случува. После тоа имаше протести за правата на Афроамериканците и едноставно мислам дека социјалните мрежи требаше да ги користиме за да дадеме поддршка“, изјави Џиџи.

„Не сакам да се грижам за тоа дали сум слатка и дека морам секој ден нешто да објавувам. Имам семејство и пријатели со кои споделувам сè“, заклучи манекенката.

Џиџи и нејзиниот партнер Зајн Малик престојуваат на фарма во пенсилванија. Манекенката откри дека носи девојче кое би требало да се роди во септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот