Дали „Симпсонови“ ја предвидоа и победата на Бајден?

Youtube
Youtube

Култната анимирана серија „Симпсонови“ се потсмева на настани кои се случуваат во политиката, спортот, музиката, а според некои нејзини фанови успешно ја предвидува и иднината на Америка.

Youtube
Youtube

Епизодата на „Симпсонови“ од 2000 година ја покажува иднината во 2030 година, во која Доналд Трамп е претседател на Соединетите Американски Држави. Криза е, САД се потпираат на финансиска помош од Кина и Европа, а победата на Лиза Симпсон на изборите е единственото светло на крајот од тунелот. Седумнаесет години подоцна, пророштвото за Трамп се оствари, а ова е само едно од многуте „успешни предвидувања“ на креаторите на серијата, кои во последните години фановите на Симпсон ги нарекуваа „патници низ времето“.

Иако тие самите рекоа дека честопати едноставно погодуваат затоа што законот за големите броеви го налага тоа, во популарната култура тие се здобија со статус на Нострадамус затоа што често им се пропишуваат и доста неверојатни погодувања за одредени настани. За овој феномен зборуваше и сценаристот на серијата Ал Џин.

Youtube
Youtube

Најновата теорија која кружи на Интернет е како Симпсонови ја предвиделе победата на новиот американски претседател Џо Бајден. Фановите на серијата „откопаа“ мапа на САД од една епизода од 2012 година, во која г. Барнс лобира за републиканскиот претседателски кандидат Мит Ромни во борбата против Барак Обама, а гласовите во САД се распределуваат скоро идентично низ државите како во случајот со неодамнешната победа на Бајден.

Иако станува збор за добро познати и вкоренети политички преференции, што во повеќето земји може да се предвидат без премногу ризик, фановите на Симпсон истакнуваат дека ова е уште еден пример дека креаторите на серијата биле всушност визионери.

Youtube
Youtube

Јас би рекол дека Трамп како претседател уште во 2000 година е секако нашиот најсериозен хит. Тогаш баравме само некој комичен лик што може да го замислиме на таа позиција, но тоа навистина се случи. Имаше уште неколку успешни пророштва, но понекогаш тие се чисти толкувања, дури и теории на заговор – предупреди сценаристот Ал Џин во интервју за оваа тема, повикувајќи се на случајот со нападот врз кулите близначки, кој исто така беше напишан како „предвидување“ на „Симпсонови“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот