Дали седмата година од бракот е кобна? Се разведува и актерката Кристина Ричи!

инстаграм

Уште една славна ѕвезда се разведува. Овој пат станува збор за актерката од филмовите „Семејството Адамс“ и „Каспер“, Кристина Ричи. Таа ги предаде вчера сабајле документите за развод на бракот од сопругот Џејмс Хердеген со кој се венчаше пред седум години.

Како што можеме да прочитаме во медиумите, славните се почесто се разведуваат по седум години брак, па многумина токму поради тоа ја сметаат за кобна година.

инстаграм

Ричи барањето за развод го предаде веднаш откако наводно нејзиниот сопруг Хердеген ја нападнал во нивниот дом. Полицијата не го уапсила, а Ричи побарала забрана за приближување за сопругот.

инстаграм

Полициската управа во Лос Анџелес за американските медиуми само потврди дека станувало збор за семејно насилство. Како причина за разводот 40-годишната Ричи ги навела непомирливите разлики, а за нивниот пегодишен син Фреди бара правно и физичко старателство.

инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот