Дали Меланија Трамп навистина има двојничка? Експертите откриваат што се крие зад фотките од „лажната“ прва дама

профимедиа

Теоријата на заговор за двојничката на првата дама на САД со години циркулира на социјалните мрежи…

Фотографијата од насмеаната Меланија Трамп додека излегува од хеликоптерот доведе до вистинска дебата на социјалните мрежи, а многумина сугерираат дека всушност се работи за нејзината двојничка бидејќи нејзината насмевка на одговара на суптилната насмевка, која сме навикнати да ја гледаме на нејзиното лице.

Теоријата на заговор за двојничката Меланија Трамп, која ја менува на јавните настани, со години циркулира на социјалните мрежи, а се појавува секој пат кога некој ќе забележи некаква промена на неа.

Естетскиот практичар др Хусеин Чема изјави дека насмевката може драматично да го промени изгледот на славната личност, особено кога станува збор за личност со камен израз на лицето, пренесува Дејли Мејл.

– Било кој израз на лицето бара употреба на нашите мускули на лицето. Кога ќе се насмевнеме, мускулите се собираат во долниот дел од лицето со цел да ја покажат нашата насмевка.

Според неговите зборови, тука не се работи за двојничка туку само за фактот дека луѓето не се навикнати да ја гледаат Меланија Трамп како се смее.

Да се потсетиме, Меланија е сликана како се насмевнува додека излегуваше од хеликоптерот на пат до последната претседателска дебата.

На фотографијата Меланија носи големи очила за сонце и има широка насмевка, а многу корисници на Твитер токму поради тоа се посомневаа дека станува збор за двојничка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот