Чориќ и уште двајца тренери од „Адриа Тур“ имаат коронавирус

фото: твитер

Да потсетиме, поголемиот број од тенисерите и учесници на „Адриа Тур“ во Задар се тестираа после позитивниот тест на Димитров, откако стигна во Монако.

После Григор Димитров, тестот беше позитивен кај уште тројца тенисери од егзибицискиот турнир „Адриа Тур“.

Позитивен тест имаше хрватскиот тенисер Борна Чориќ, како и тренерот на Димитров, Кристијан Грох, и концицискиот тренер на Новак Ѓоковиќ, Марко Паники.

Здраво на сите, сакам да ве информирам дека имам позитивен тест на Ковид-19. Сите кои беа во контакт со мене во изминатите неколку денови да се тестираат. Навистина ми е за каква било штета што ја предизвикав. Се чувствувам добро и нема никакви симптоми. Останете безбедни и здрави. Многу љубов на сите – напиша Чориќ на Твитер.

Да потсетиме, поголемиот број од тенисерите и учесници на „Адриа Тур“ во Задар се тестираа после позитивниот тест на Димитров, откако стигна во Монако.

Тестот не беше обврзан, па така првиот светски рекет Ѓоковиќ, кој не чувствуваше симптоми, одлучи да не направи тест веднаш во Задар, туку одлучи да оди во Белград, каде ќе се тестира на коронавирус.

Турнирот во Задар беше откажано непосредно пред финалето меѓу Ѓоковиќ и Андреј Рублев. Откако Горан Иванишевиќ ја информираше публиката дека финалето е откажано, следуваа свирежи од трибините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот