Британски епидемиолог: Владата задоцни со мерките против коронавирусот

Луѓе го користат топлото време за да прошетаат и спортуваат во познатиот Гринвич Парк / Април 2020, Лондон, Велика Британија / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Бројот на смртни случаи од коронавирусот во Велика Британија можеше да биде двојно помал доколку  карантинот беше воведен една недела порано, изјави британскиот епидемиолог Нил Фергусон, поранешен член на група научници кои ја советуваат британската влада.

Повеќе од 40.000 луѓе официјално починаа од коронавирусот во Велика Британија, а кога ќе се пребројат починатите лица за кои се претпоставува дека имале ковид-19, тогаш има повеќе од 50.000.

Премиерот Борис Џонсон воведе карантин на 23 март.

Фергусон: Владата предоцна ги презеде вистинските мерки против коронавирусот

Епидемиологот Нил Фергусон им рече на претставниците дека Велика Британија ги презела вистинските мерки против коронавирусот, но премногу доцна.

Фергусон рече дека бројот на заразени лица двојно се зголемувал на секои 3-4 дена, пред воведувањето на карантинот.

-Требаше да воведеме мерки за карантин една недела порано и тогаш би го намалиле бројот на починати лица најмалку за половина. Значи, иако мислам дека мерките се оправдани, сигурно ќе имавме помалку смртни случаи ако ги воведевме порано- додаде тој.

Фергусон, професор на Империал колеџ, е автор на влијателен модел, според кој, без воведување на рестриктивни мерки, 500.000 Британци би умреле од коронавирусот.

Тој се повлече од советничката позиција кога беше фатен како ги крши мерките за изолација.

Студијата на Фергусон беше еден од главните стимулации на британскиот премиер Џонсон за да воведе карантин, иако првично се определи за поопуштен пристап, сличен на шведскиот.

Проценката дека, по воведувањето на карантин, 20.000 луѓе би можеле да умрат се покажаа како неточни, затоа што штитениците на домовите за стари и немоќни лица не беа заштитени од вирусот, рече Фергусон.

Фергусон поднесе оставка од Научната советодавна група за вонредни состојби (SAGE), која игра клучна улога во обликувањето на владината политика, откако во мај беше откриено дека тој повеќе пати ги прекршил ограничувања наметнати поради коронавирусот за да ја посети својата љубовница.

Главниот епидемиолог во Велика Британија поднесе оставка: Карантинот го прекршил со љубовна афера

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот