Главниот епидемиолог во Велика Британија поднесе оставка: Карантинот го прекршил со љубовна афера
Советникот на британската влада, епидемиологот Нил Фергусон поднесе оставка откако ги прекрши правилата на изолација и се состана со својата партнерка.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Професорот Фергусон, кој го советуваше Борис Џонсон да воведе мерка карантин и „држеше предавање“ на граѓаните дека мораат да ги почитуваат строгите мерки на социјална изолација поднесе оставка на позицијата советник, бидејќи и дозволил на својата емотивна партнерка, која е мажена, да го посетува во неговиот дом, пишува британски Телеграф.
Таа патувала до неговиот дом од другиот крај на градот.
BREAKING: Govt's top science expert Professor Neil Ferguson resigns after flouting his own social distancing lockdown rules to be with married lover.
Unbelievable & shocking scoop by the Telegraph's @AVMikhailova >>>>https://t.co/Ja1m52qcSN pic.twitter.com/FEc88ztRBi— Piers Morgan (@piersmorgan) May 5, 2020
Во изјава по повод оставката, водечкиот епидемиолог од лондонскиот Империјал колеџ рекол дека направил „грешка во проценката“.
„Прифаќам дека направив грешка во проценката и дека погрешно постапив. Затоа и се повлеков. Се убедив дека сум имун, бидејќи откако бев позитивно тестиран на коронавирусот бев потполно изолиран речиси две недели. Длабоко жалам заради било какво прекршување на јасните пораки дека физичкото дистанцирање е потребно за контрола на оваа епидемија. Владините насоки се недвосмислени и постојат тука да не заштитат сите“, рекол Фергусон.
Неговата оставока претставува удар за владата и министрите на кои им помагаше околу пандемијата на Ковид-19.


