„Бекстрит Бојс“ се собраа против коронавирусот – Секој од својот дом и го запеаа својот голем хит (ВИДЕО)

принтскрин

По примерот на многу славни личности во време на пандемијата на коронавирусот кои направија мини концерти од својот дом, култниот бенд „Бекстрит Бојс“ ја сними песната „I Want It That Way”.

Секој член од бендот пееше од својот дом, а песната беше емитувана во склоп на емисијата „Living Room Concert for America”.

Брајан Литрел пееше од својот дом во Атланта, односно тој го проби ледот, а потоа му се придружија и Ник Картер и Кевин Ричардсон кои имаа друштво во видеото, нивните деца. Тука беа и останатите двајца ченови, Еј-Џеј Меклин и Хоуи Дороу.

„Уживав во секој момент“, беше само еден од бројните коментари.

„Бекстрит Бојс“ снимката од настапот ја објавија на социјалните мрежи и собраа преку 50.000 лајкови и неколку илјади коментари.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот