Бекер: Ѓоковиќ не сакаше никого да повреди, но судиската одлука е исправна!
Борис Бекер во целост ги оправдува постапките на Американците, во својата колумна за „Дејли мејл“ ја искористи можноста да го критикува најдобриот светски тенисер.
И Германецот кој му беше тренер на српскиот ас (од 2013-2016 година) смета дека Ѓоковиќ немаше никаква намера да ја погоди линиската судијка Лаура Кларк за време на мечот од грен слем турнирот „УС Опен“ што донесе и негова дисквалификација.
Мора да се шегувате: Ѓоковиќ не требаше да биде дисквалификуван! (ВИДЕО)
– Одлуката на судијата е исправна. Сигурен сум дека Новак не сакаше да повреди никого, но загуби контрола за момент и мораше да биде исфрлен од турнирот. Беше нервозен откако пропушти три сет топки, но причините се многу подлабоки. Според мене, тој премногу се занимава со други работи пред Грен слем, а тука мислам на играчката организација која тој ја води. Се плашев за Новак, затоа што видов дека превзема премногу одговорност врз себе. На пример, тој беше кој контактираше со гувернерот на Њујорк за да му дозволи на Адријан Манарино да се појави на турнирот. Новак играше меч таа вечер, а се занимаваше со тие работи. Тоа одвлекува внимание, затоа што за да освоите Грен слем, треба само околу тоа да размислувате – напиша Бекер.
Според германската тениска легенда Новак е прекрасна личност, но како и кај другите луѓе, и кај него, најголем квалитет може да биде слабоста.
– Бев дел од неговиот тим на „Ролан Гарос“ кога тој го фрли рекетот и за малку го промаши линискиот судија. Тогаш му реков дека може да вика, се дере на глас и да го скрши рекетот, но не и да го фрла рекетот. Се плашев дека ќе му се случи вакво нешто и се случи. Новак е прекрасна личност, но како и кај другите луѓе, неговиот најголем квалитет може да биде слабоста. Тој е многу емотивен и секогаш мисли повеќе на другите отколку на себе. Тој е човек од народот и би сакал на тој начин да биде прифатен. Мислам дека многу му пречи што не е толку популарен како Федерер и Надал, и тоа секако остава трага врз него – додаде Бекер.
Ѓоковиќ во Њујорк ја бркаше 18. грен слем титула, а нова можност ќе има на 21 септември, кога во Париз започнува одложениот „Ролан Гарос“.
Серена неизвесна за Ролан Гарос: Мора да мислам на здравјето