Серена неизвесна за Ролан Гарос: Мора да мислам на здравјето
Американската тенисерка сè уште нема донесено конечна одлука дали ќе настапи на наредниот грен слем турнир, Ролан Гарос.
Иако ќе имаат олеснети мерки, тенисерите и понатаму ќе бидат под стриг режин и ќе мора да престојуваат во хотели за време на Ролан Гарос кој треба да започне на 27. септември.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Токму ваквата одлука на организаторот, сите тенисери да бидат сместени во два хотела, ја тераат Серена Вилијамс сериозно да размисли дали ќе учествува на Ролан Гарос.
– Се надевав дека во Париз ќе можам да престојувам во својот стан, но сега не размислувам за тоа. Организаторот прави најдобро што моќе и јас не смеам да го вперувам прстот во нив – вели Вилијамс, кој е зачудена од одлуката да биде дозволено присуство на гледачи, а тенисерите и тенисерките да бидат во строг карантин.
– Доколку има навивачи тогаш и ние треба да бидеме сместени таму каде што сакаме. Јас морам да се грижам за своето здравме, имав проблеми, се обидувам да не одам на јавни места. Наместо два метри, јас држам дистанца од четири метри.
Американката потенцира дека пред да ја донесе конечната одлука ќе разговара со организаторите на Ролан Гарос.


