Мора да се шегувате: Ѓоковиќ не требаше да биде дисквалификуван! (ВИДЕО)

Њујорк, САД / 06 септември 2020 / Фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Најпознатиот американски спортски аналитичар Стивен Еј Смит ја коментираше одлуката на „УС Опен“ да го исфрли првиот светски рекет од турнирот.

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ без никаква намера со топчето погоди во вратот на линиска судијка и на тој начин ја доживеа дисквалификацијата.

– Новак случајно го погоди линискиот судија, тој дури и не погледна. Имаме глобална пандемија во моментов, каде што имате луѓе кои дури и не сакаа да учествуваат. А го имаме еден од најдобрите светски играчи, кој дојде да учествува кога тој не мораше. И бидејќи тој згреши, вие го исфрлате и го праќате дома во суштина. Вие мора да се шегувате. Вие мора да се шегувате! – рече Стивен Еј Смит.

Главниот судија ја објасни дисквалификацијата на Ѓоковиќ

Спортскиот аналитичар воедно смета дека можеше многу едноставно да се донесе одлука за мечот:

– Јасно е дека тоа не е намерно. Казнете го со одземање на поени, сет… Но, да го испратите дома? Мислам дека тоа беше неверојатно несреќно и мислам дека тоа беше и штета за љубителите на тенисот насекаде. Дали го гледавте тенисот? Можете ли да наведете тројца играчи кои би сакале да ги гледате пред него? Особено за време на пандемија? Имам проблем со тоа! Запрете го мечот, обрнете внимание на тоа и оставете ги да се вратат следниот ден да играат. Сакам да го гледам еден од најдобрите тенисери. Доколку тоа беше намерно, секако дека и јас би бил за да го исфрлат од турнирот. Но, случајно? Случајно! – додаде Еј Смит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот