Ѓоковиќ: Таа не мора да оди во болница поради ова!

фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Новак Ѓоковиќ тешко го прифати сето тоа што се случуваше на крајот од првиот сет на мечот со Пабло Карењо-Буста во осминафиналето на УС Опен.

Најдобриот светски тенисер не внимаваше најдобро и со топче ја погоди жената одговорна како линиска судија поради што организаторите одлучија за дисквалификација на српскиот ас.

На мрежата се водеше разговорот помеѓу судиите и организаторите, обидувајќи се Ѓоковиќ да ги убеди и ја да променат одлуката.

Таа не мора да оди во болница поради ова – се зборовите на Ѓоковиќ обидувајќи се да ги убеди организаторите дека линискиот судија нема сериозна повреда, а потоа додаде:

Избирате во оваа ситуација? Мојата кариера, грен слем, централен стадион – додаде српскиот тенисер.

Ѓоковиќ дисквалификуван од УС Опен! (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот