Бебињата се рaѓаат позитивни на коронавирусот: Резултатите од најновата студија се загрижувачки

Во 50% од случаите на вирус кај новороденчиња се работело за асимптоматски случаи.

Една третина од новородените бебиња позитивни на ковид 19 се заразиле со коронавирусот во матката на мајката или за време на раѓањето, според најновата студија објавена денес, пренесува Танјуг.

Иако вирусот е редок кај новороденчињата, лекарите сакаа да ги утврдат потенцијални ризици со кои се соочуваат бебињата доколку тестовите откријат дека имаат инфекција наскоро по раѓањето, пишува британски Гардијан.

Лекарите во Франција испитале 176 пријавени случаи на неонатална коронавирусна инфекција кај кои новороденчињата биле позитивни барем еднаш или биле пронајдени антитела, а откриено е дека околу 70 проценти од бебињата добиле инфекција во болница каде биле изложени на ризик од новиот вирус, а 30 проценти во матката или за време на породувањето.

Исто така, студија објавена од „Nature Communications“ открива дека 50 проценти од случаите на вирус кај новороденчиња биле асимптоматски.

Од преостанатите 50 проценти од случаите, 64 проценти имале пневмонија, 52 проценти имале проблеми со дишењето, 44 проценти имале треска, а 36 проценти имале проблеми со хранење, дијареја и повраќање.

Многу малку бебиња, само 18 проценти, развиле невролошки симптоми, од раздразливост и летаргија до проблеми со мускулниот тонус.

Студијата наведува дека доењето не создава ризик од пренесување на инфекцијата, меѓутоа, ако мајката е заразена, шансите за пренесување на болеста на бебето во првите неколку дена се скоро пет пати поголеми доколку мајката и бебето се раздвоени.

Д-р Даниел Де Лука верува дека иако тоа е ретка појава, таа е важна за лекарите, кои треба да бидат свесни дека бебињата можат да се родат со вирусот.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот