Апелацискиот суд го укина решение на граѓанскиот, Реџепи останува ПОГЛАВАР на ИВЗ

Апелацискиот суд во Скопје го укина донесеното решение на граѓанскиот суд, а ја уважи жалбата на Сулејман Реџепи во врска со решението кое што Основниот граѓански суд Скопје 2 го донесе, а се однесува на назначувањето на Скендер Бузаку за нов поглавар на ИВЗ.

Како што потврдија од Апелацискиот суд за „Слободен печат“ второстепениот суд ја уважил и предметот е вратен на повторно одлучување. Одлуката е донесена претходниот месец.

На крајот на април, годинава Граѓанскиот суд донесе  решение за промена на поглаварот на ИВЗ. Функцијата на Реџепи како поглавар на ИВЗ му престанала откако тој поднел неотповиклива оставка и истата била прифатена од Ријасетот. Од судот ни појаснија дека околу тоа дали оставката е фалсификуван документ, може да се одлучува во друга посебна постапка.

Скендер Бузаку денеска во Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против актуелниот поглавар на ИВЗ, Сулејман Реџепи, за перење пари од аџиите, за што приложил и докази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот