Бузаку: Реџепи перел пари преку приватна фирма и со тоа противправно земал 700 илјади евра од ИВЗ

Скендер Бузаку денеска во Основното јавно обвинителство Скопје доставил докази кои според него покажуваат дека поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи сторил кривични дела „перење пари” и „злоупотреба на службена положба и овластување”.

Бузаку тврди дека Реџепи перел пари преку приватна фирма и со тоа противправно земал 700 илјади евра од ИВЗ.

– Доказите кои ги доставив до ОЈО укажуваат на фактот дека осомниченото лице има сторено кривично дело со кое е нанесена штета од големи размери, присвојување на парични средства во износ од над 700 илјади евра, уплатени оваа година. Има фактура од 2019 година, трансфер на средства и докази. Утврдената штета е 700 илјади евра. За престој во Саудиска Арабија, ИВЗ платило 650 илјади денари на приватна фирма. Таксата за престој е утврдена во износ од 510 евра и парите треба да се уплатат директно во Министерството за аџилак, вели Бузаку.

Tој додава дека Реџепи таксата за престој наместо во Министерството, ја уплатил преку посредник во приватна фирма регистрирана надвор од земјава, и на тој начин ги перел парите.

Бузаку очекува ОЈО да ги преземе сите потребни дејствија, и појасни дека во наредниот период ќе продолжи да објавува нови докази за извршени кривични дела од страна на  Реџепи.

– Наводите дадени од страна на Сулејман Реџепи во кое се употребени лични навреди упатени до мене тврдејќи дека мојата изјава претставува рекет врз ИВЗ и до него, а со оглед на доставените докази кои ги покажувам денес пред пошироката јавност јасно може да се заклучи дека единствен рекетар на ИВЗ е Сулејман Реџепи кој преку оваа фактура има присвоено парични средства, истакна Бузаку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот