Ангеловски е нов тренер на Горица

Фото: Фејсбук/HNK Gorica

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, кој ги предводеше „црвено-жолтите“ на историскиот настап на Европското првенство минатата година, од денеска е нов тренер на хрватскиот тим Горица.

Ангеловски точно една година, по настапот со Македонија на Евро 2020, беше без тренерски ангажман иако во во изминатиот период неговото име се поврзуваше со неколку екипи како Хајдук и Фенербахче, конечно си најде тренерски ангажман.

Ангеловски ќе ја предводи екиата на Горица која по шест кола во хрватската лига се наоѓа на претпоследното деветто место на табелата со скор од една победа, две ремија и три порази. Ангеловски ќе го наследи Самир Топлак кој доби отказ поради лошите резултати на стартот од првенството.

– Нема да се расфрлам со изјави, мојот начин на работа е да одиме натпревар по натпревар. Во моментов најважно ни е следното гостување, мора добро да се подготвиме и да се обидеме да оствариме позитивен резултат – изјави Ангеловски на официјалната промоција како нов тренер на Горица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот