AC/DC повторно заедно, веста за враќањето ја објавија во весниците (ФОТО)

Фото: Фејсбук

Пејачот Брајан Џонсон, басистот Клиф Вилијамс и бубњарот Фил Рад официјално се вратија во AC/DC, а тоа го докажува и првата официјална фотографија на повторно собраниот бенд.

Фотографијата ги потврди долгогодишните гласини, кои прв пат започнаа да кружат во 2018 година, за повратот на тројцата во бендот. Фронтменот на бендот од 1980 година, Џонсoн од бендот излезе во 2016 година откако го загуби слухот, додека Руди на турнејата “Rock or Bust” го замени Крис Слејд. Басистот Вилијамс официјално се повлече од бендот во 2017 година.

Фото: Профимедиа

После долг период на тишинa, во изминатите недели дојде до вистинско враќање на активностите во бендот.

Читателите на локалните весници во Тисајд, Њукасл, Глазгов, Манчестер и Бирмингем ги дочека неочекуван AC/DC оглас додека ги листаа вчерашните изданија.

Огласот на половина страница го содржи прашањето: „Дали сте подготвени?“, заедно со познатото лого на бендот.

Со повторното активирање на нивните официјални страни на социјалните мрежи во понеделникот и објавувањето на краткиот видео-запис со вклучување на култното лого на бендот, австриските рок ѕвезди можеби го нагласија продолжението на својот албум „Rock Or Bust” од 2014 година.

ARE YOU READY? #PWRUP ⚡

Publiée par AC/DC sur Mercredi 30 septembre 2020

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот