20 години затвор за сестрите кои го убија таткото монструм (ФОТО)

принтскрин

Руските тинејџерки, Кристина (19), Ангелина (18) и Марија (17) Качатуријан минатиот јули го признаа убиството на 57-годишниот татко Михаило, а година подоцна, случајот и понатаму предизвикува дебати во Русија.

Судијата ја прошири истрагата, а се смета дека на девојките им се закануваат околу 20 години затвор.

Тие овој период го поминаа во притвор, односно домашен притвор. Сестрите го убиле својот татко бидејќи со години ги злоставувал, како што велат и сексуално и физички и психички подолги години.

принтскрин

Поради контроверзниот закон кој значително го ублажува казнувањето на злоставувачите во семејстовто случајот го подели општеството.

Истрагата која ја водеше обвинителството е завршена претходно овој месец, а службеното обвинение против ќерките е подигнато на 14 јуни.

принтскрин

Документот чија скратена верзија е објавена на Фејсбук страницата на адвокатот на Ангелина, Алексеј Паршин, се наведува дека девојките редовно биле изложени на сексуално злоставување и понижување од страна на нивниот татко.

Како што се наведува, на денот на убиството Михаил Качатуријан во повеќе наврати ги понижувал своите ќерки, а потоа најстарата Кристина ја попрскал со спреј во лицето, по што таа ја изгубила свеста.

принтскрин

Адвокатите кои ги застапуваат сестрите Качатуријан се обратија до шефот на рускиот Истражен комитет Александар Бастрикин во обид да се поништи обвинението во корист на оние кои го одржуваат одбранбениот карактер на женските акции.

„Обвинението е, благо речено, чудно. Случајот на Обвинителството е полн со претпоставки, измислени работи, недоследности“ – напишал адвокатот Паршин.

Судењето тесно го следеа медиумите, па се отвори дискусија за пристапот на општеството во семејното насилство по воведувањето на законот во 2017 година со кој се декриминализираат повеќе облици на насилство.

принтскрин

Околу 350 лица на 19 јуни се собрале пред седиштето на Истражниот комитет во Москва, сакајќи да ги одбранат сестрите.

„Неопхадна самоодбрана не може да биде злосторство“, „Затоа што се спасија се соочуваат со 20 години затвор. Нема повеќе вина кај жртвите“, пишувало на плакати.

Според првиот извештај, злосторството било спонтано, откако таткото ја нападнал Кристина, по што таа го земала ножот. Иако, медиумите наведуваат дека мажот спиел кога една од девојките го нападнала со нож, а потоа се придружиле и другите две со нож и чекан. Бројот на убоди варира од 36 до 45, а убиениот имал рани по вратот, околу срцето и по стомакот.

принтскрин

Судот го отфрлил тврдењето дека злосторството е направено бидејќи тие не можеле да го трпат злоставувањето и покрај сведочењето на соседите и пријателите кои го потврдиле исказот на обвинетите.

Според сведоците, на ќерките не им било дозволено да излезат надвор, дури ни во училиште, а тој се однесувал како вистински тиранин. Наводно им се заканувал со пиштол и редовно ги тепал, а им забранувал и излегувања со пријатели. Дури и мајката на девојките побегнала поради малтретирањето.

Една од обвинетите во еден момент била принудена да јаде влакна од куче од подот.

принтскрин

„Секогаш ги тепаше. Еднаш ги однесе во шума и им се закани дека ќе ги убие. Мајката побегна, а тој им забрани секаква комуникација со неа. Тој беше поврзан со подземјето “ рекла една семејна пријателка.

За Качатуријан се знаело дека бил близок со криминалци. Додека му бил претресуван станот, биле пронајдени оружје и два килограма хероин.

И самиот конзумирал дрога, а со своите ќерки организирал низа скандалозни активности. Не работел никаде, а семејството живеело навистина добро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот