Ѕвездата од „50 нијанси сиво“, Дакота Џонсон: „Веројатно цел живот ќе морам да одам на терапии“

Актерката, ќерка на познатите актери Дон Џонсон и Мелани Грифит, искрено проговори за својата борба со депресијата.

Згодната бринета која се прослави со улогата на Анастасија Стил во филмскиот серијал „50 нијанси сиво“ работени според книгите на британската авторка Е.Л.Џејмс, не крие дека уште од тинејџерски години води борба со депресијата. Во едно интервју за магазинот „Ел“ таа откри дека уште како 14-годишна девојка одела на психотерапии поради овој проблем. Сега истото го раскажа во новото телевизиско шоу „Шоуто на Дру Баримор“; кое го води нејзината колешка, познатата актерка Дру Баримор.

– Веројатно ќе морам да одам на терапии до крајот на животот, но тоа е во ред, бидејќи да учиш како да бидеш човек, всушност никогаш не престанува. Благодарна сум на психологијата, бидејќи навистина ми помага. Имам среќа што сум опкружена со луѓе пои постојано ме поттикнуваат да се отворам, да проникнам во конренот на проблемите и подлабоко да се истражувам самата себеси, изјави 31 годишната актерка додавајќи дека во тек на локдаунот поради ковид-19 пандемијата интезивно се посветила на интернетските третмани за психологија за да ја држи под контрола својата депресија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by D.J ♡ (@dakotaaami)

Актерката која овие денови го промовира својот најнов филм „Нашиот пријател“ во кој глуми покрај Кејси Афлек и Џејсон Сигел, сите ги насмеа кога откри дека го користела името на Џорџ Клуни за да добие резервации во рестораните. Кога дознал за тоа славниот актер, не се бунел.

Дакота Џонсон веќе некое време е во среќна врска со Крис Мартин, фронтменот на Колдплеј и поранешен сопруг на Гвинет Палтроу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот