Зверев во четвртфиналето на Ролан Гарос против Давидович Фокина

Зверев е обвинет од поранешната девојка Олга Шарипова/ фото: ЕPA-EFE/YOAN VALAT

Шестиот тенисер на светот Александер Зверев се пласираше во четвртфиналето на „Ролан Гарос“ со убедливата победа над Кеи Нишикори.

Зверев го совлада Нишикори со 6:4, 6:1 и 6:1 и обезбеди пласман помеѓу најдобрите осум играчи на грен слем турнирот во Париз, Франција.

Следен противник на Германецот ќе биде Алехандро Давидович Фокина кој со 3:1 (6:4, 6:4, 4:6, 6:4) го елиминираше Аргентинецот Федерико Делбонис.

Зверев и Давидович Фокина досега двапати се сретнале, и во двата меча победник бил германскиот тенисер. Од претходно е познато дека во четвртфиналето силите ќе ги одмерат Циципас и Медведев, останува да ги дознаеме и останатите четвртфинални двојки.

Беретини кој без борба го елиминираше Федерер го очекува најверојатно дуел со првиот светски рекет Ѓоковиќ кој треба да ја оправда фаворитската улога против Мусети, а победникот од дуелот Надал-Синер ќе се соочи со подобриот од мечот Шварцман-Штруф.

Ролан Гарос: Вилијамс елиминирана, Медведев закажа дуел со Циципас

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот