Златен медал за Георгиевски и сребро за Додевски на таеквондо Г2 турнирот во Тирана

Дејан Георгиевски и Филип Додевски со нови успеси за македонското таеквондо/фото: facebook/Дарко Костовски

Нов голем успех за македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски кој освои златен медал на турнирот во Тирана (Албанија) во рамките од серијата Г2.

Нашиот натпреварувач успеа во финалето во катеторијата +87 килограми да го совлада Словенецот Иван Трајковиќ, кој патем е медалист од СП.

Во првата рунда Македонецот беше подобар со 9:4, а втората рунда ја доби уште поубедливо со 11:2. Претходно во полуфиналето триумфираше над Босанецот Динко Сегедин (прва рунда 5:2, втора рунда 3:0).

Георгиевски направи уште еден чекор поблиску, со новите бодови кон обезбедување на олимписката норма за Игрите во Париз 2024.

Медал освои и Филип Додевски (-87 кг.) освои сребро откако загуби од Талех Сулејманов, иако во решавачките моменти имаше и водство од 4:0.

Анамарија Георгиевска во категоријата -73 кг. загуби од Италијанката Маристела Смираглиа (0:6, 1:5).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот