Жена тврди дека е биолошка мајка на Мајли Сајрус: Таткото на пејачката ги нарече обвиненијата „лажни и апсурдни“
Американскиот кантри-музичар Били Реј Сајрус остро ги демантираше тврдењата на Џејми Ли, жена која во судска постапка тврдела дека е биолошка мајка на неговата ќерка, поп-ѕвездата Мајли Сајрус. Ли во мај поднела тужба, наведувајќи дека ја родила Мајли кога имала само 12 години и дека потоа склучила приватен договор за посвојување со Били Реј и неговата сопруга Тиш, мајката на Мајли, пренесува „Пејџ Сикс“.
Препорачано
Во тужбата тврдела дека ѝ биле ветени одредени права, како можност да го избере името на детето, да биде дадилка и наставничка по клавир на Мајли, а семејството Сајрус ја обвини за „прекршување на договорот, измама и емоционален стрес“.
Лажни тврдења
Били Реј Сајрус реагираше на овие наводи нарекувајќи ги „лажни и апсурдни“. Во својата изјава тој ги отфрли сите тврдења за негова улога во наводното посвојување и додаде дека обвиненијата се целосно неосновани. Џејми Ли побарала и надзорно ДНК-тестирање за да го докаже мајчинството, но судот во октомври го одби нејзиното барање.
Били и Тиш Сајрус имаат три заеднички деца, а Били за време на бракот со Тиш ги посвои и нејзините деца од претходната врска. Двојката одлучи да го прекине бракот во 2022 година, по речиси 28 години заеднички живот.


