Жена феномен – Вели дека е родена да ги забавува луѓето и можеби нема да победи во шоуто, но ќе биде инспирација за многумина (ВИДЕО)

јутјуб

Џозефина Монастерио е родена во Венецуела пред 73 години, а кога ќе ја погледнете не би и дале ниту 55 години. И не само тоа, оваа жена на свои 59 години започнала да се занимава со бодибилдинг, а за себе вели дека е родена да ги забавува луѓето.

Таа учествуваше во шоуто „Америка има талент“ и со својот изглед целосно ги воодушеви славните водители, меѓу кои и убавицата Софија Вергара, но и публиката која ја гледаше со воодушевување.

Сите членови на жирито на оваа бабичка и дадоа барем 20 години помалку, а во чудо остана и Вергара, која кажа дека мисли дека Џозефина има околу 56-57 години.

Кога на супер-бабичката на настапот и се приклучи и водителот, инаку актерот, Тери Крувс без маичка, целата сала се возбуди. Погледнете како изгледаше тоа.

„Дефинитивно нема да победи, но ќе биде инспирација за многу луѓе“, гласи еден од коментарите на Јутјуб.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот