Зеленски: Русија за 19 дена загуби повеќе отколку во двете војни во Чеченија

Володомир Зеленски/ Фото EPA-EFE/UKRAINIAN PRESIDENTIAL PRESS SERVICE

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во синоќешното обраќање до граѓаните истакна дека  бранителите продолжуваат да „нанесуваат катастрофални загуби на руските сили”.

Тој додаде дека бројот на соборени хеликоптери во Русија наскоро ќе достигне стотици.

– Тие веќе изгубија 80 борбени авиони, стотици тенкови и илјадници друга опрема. За 19 дена, руската армија во Украина загуби повеќе отколку во двете крвави и долготрајни војни во Чеченија, истакна Зеленски.

Тој додаде дека противникот бил збунет бидејќи не очекувал таков отпор од украинските бранители, додека на руските војници им порача да загинат или да се предадат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот