Здрави и корисни – Грицкајте семки доколку не можете да спиете

Фото: Профимедиа

Семките од тиква кај нас се консумираат уште од многу одамна, а многу често се дел и од подготовката на народни лекови, кои подоцна се користат за лекување голем број заболувања. Токму овие семки нудат цела палета на здравствени придобивки, бидејќи изобилуваат со магнезиум, калциум, калиум, железо, цинк и витамин К.

Околу 60 грама семки од тиква содржат речиси половина од препорачаната дневна количина магнезиум, што учествува во широкиот спектар на витално важните физиолошки функции, ги релаксира крвните садови и осигурува правилна работа на цревата.

Семките од тиква се и богат извор на цинк, што е важно за имунитетот, растот и делбата на клетките, сонот, расположението, сетилото за вкус и мирис, здравјето на очите и на кожата, регулација на лачењето на инулин и за машката сексуална функција. Семките од тиква се еден од најдобрите извори на омега-3 масна киселина, која е многу важна за здравјето.

Токму поради тоа Светската здравствена организација препорачува консумирање семе од тиква како еден од одличните начини за снабдување на организмот со неопходните  хранливи состојки, кои не можете да ги најдете во изобилство во другите видови храна. Од друга страна, овие вкусни семиња содржат и одредени природни супстанции што помагаат во лекувањето на одредени нарушувања и болести.

Фото: Профимедиа

Несоница

Несоницата е, само по себе, прилично голем проблем, но исто така е симптом и причина за многу други нарушувања и болести. Луѓето што страдаат од несоница често страдаат и од депресија. За сите што страдаат од недостиг на сон, семето од тиква е одличен природен лек. Нивното консумирање ги релаксира умот и телото, ја елиминира нервозата и вознемиреноста и го подобрува спиењето.

Семките од тиква содржат аминокиселина наречена триптофан. Аминокиселините не се ништо друго освен градежни блокови на поголемите протеински молекули. Интересна работа во врска со трипрофанот е тоа што мозокот го користи за производство на серотонин, невротрансмитер најчесто наречен хормон на „добро расположение“.

Тој ја намалува нервозата и стресот, го крева расположението, го релаксира умот и ви помага да спиете добро. Истражувањата покажуваат дека консумирањето семки од тиква во комбинација со извор на јаглехидрати му помага на мозокот побрзо да го апсорбира триптофанот и да ослободи серотонин.

Фото: Профимедиа

Симптоми на постменопауза

Кај жени што поминуваат низ менопауза, хормоналната нерамнотежа предизвикува голем број симптоми, какви што се чести жешки бранови (валунзи), главоболки, болки во зглобовите и депресија. Докажано е дека семките од тиква помагаат во регулирање на хормоналната нерамнотежа и лекување на овие состојби.

Истражувањата покажуваат и дека овие плодови наесен помагаат во зголемување на нивото на липопротеин со висока густина (HDL), истовремено намалувајќи го дијастолниот притисок, што го намалува оптоварувањето на срцето и го подобрува нивото на холестерол во организмот.

Фото: Профимедиа

Камења во бубрезите

Семките од тиква по природа се диуретик. Со други зборови, тие предизвикуваат малку почесто мокрење, а како резултат на тоа бубрезите и мочниот меур се „чистат“ од сите отпадни состојки што се наоѓаат во организмот. Истражувањата покажуваат дека семките од тиква спречуваат формирање калциум оксалат (камења во бубрезите) и помагаат да се измијат нивните акумулации.

Всушност, дури и кај пациенти што не реагираат на традиционалните лекови против камења во бубрезите, семките од тиква имаат олеснувачки ефекти. Важно е да се напомене дека овие вкусни семиња се исто така ефикасни во контролирање на хипертензија, артритис и паразитски инфекции, а исто така помагаат во заштита на кардиоваскуларниот систем и црниот дроб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот