Заврши сезоната за Надал, го откажа настапот на „УС Опен“

Повредата посилна од Рафа Надал/Фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал официјално го откажа учеството на „УС Опен“ и објави дека сезоната за него е завршена поради проблеми со стапалото.

– Се борев многу повеќе отколку што треба со ногата и сега треба да одморам. По разговорот со тимот и семејството, донесена е одлука да се посветам на закрепнување. Оваа година пропуштив многу турнири кои ми значат, како „Вимблдон“ и Олимписките игри, а сега ќе го пропуштам и „УС Опен“.

Морам да сменам многу работи, за да видам што е најдобро за мојата нога. Не е нова повреда, ја влечам од 2005 година. Многу работи досега не одеа добро, па дојде време да донесеме одредени одлуки. Ќе морам да поминам малку поинаков третман за да најдам решение и да си овозможам да ја продолжам кариерата уште неколку години – се зборовите на Надал.

Неговиот прв следен турнир беше Вашингтон, каде што беше поразен од Лојд Херис.

Во меѓувреме, тој не играше на Роџерс купот и Синсинати, а нема да го гледаме ни на УС Опен, кој го освои четири пати.

Да потсетиме, ниту Рожер Федерер, ниту Доминик Тим, победникот од минатата сезона, нема да бидат дел од грен слемот во Њујорк кој ќе стартува на 30 август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот