Заврши психијатриското вештачење на Малчанскиот бербер: „Мирен е и во затворот не прави никакви проблеми“

Фото: Српско МВР

Нинослав Јовановиќ (46), попознат како Малчанскиот бербер, е вратен во притворската единица на Казнено-поправниот завод во Ниш, откако заврши едномесечното психијатриско вештачење во Специјалната затворска болница на Окружниот затвор во Белград. Како што дознава „Блиц“, тој деновите во затворот ги поминувал мирно, а во ќелијата бил со уште двајца осуденици.

– Вратен е во Ниш за викендот каде се наоѓа во ќелија со уште двајца осуденици. Не прави никакви проблеми, го почитува дневниот ред и нема ексцеси – вели изворот на „Блиц“.

Психолошкото вештачење на Малчанскиот бербер, кој е осомничен за киднапирање и силување на 12-годишната М.К., завршено е минатата недела и тој е вратен во затворот во Ниш.

Засега не е познато што пишува во дијагнозата на вештаците, дали осомничениот Јовановиќ бил при здрав разум во моментот на киднапирање и за време на потрагата на полицијата и воопшто за неговата психичка состојба.

Јовановиќ е уапсен на 5 јануари на гробиштата во Малча, една недела откако девојчето кое го имаше киднапирано беше пронајдено во викендичка и 17 дена откако ја имаше киднапирано додек одела на училиште во местото Суви Дол кај Ниш. Во повеќе дневната потрага низ цела Србија се мобилизираа повеќе од 800 полицајци и доброволци.

Случајот со Малчанскиот бербер сѐ уште предизвикува страв ширум Србија

Малчанскиот бербер бара самица, стравува дека другите затвореници ќе го малтретираат

Од испадите на Малчанскиот бербер стравувала и неговата сопствена мајка

ИМ ГИ СЕЧЕ КОСИТЕ, ПА ГИ СИЛУВА: Кој е серискиот педофил по кој трага цела Србија?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот