Од испадите на Малчанскиот бербер стравувала и неговата сопствена мајка

Фото: Српско МВР

„Подобро да го убиеа. Ќе отидевме на гробишта, ќе се изнаплачевме и ќе дојдевме дома. Но ова…, “ги раширила рацете Славица, потсетувајќи се на проблемите кои Нинослав и ги предизвикал во текот на својот живот.

„Лекуван е од своето пореметување уште од мали нозе, првпат на девојка ѝ ја исшишал косата на само седум години, лекуван е на психијатрија, одбивал да пие лекови, домашните се плашеле од него, ги труел кучињата за да не го најавуваат неговото доаѓање, а мајка му се плашела да не ја убие“.

Ова е само дел од она што го дожвивувале Славица и Душко Јовановиќ, родителите на Нинослав Јовановиќ (46), осудуван силувач на деца кој е уапсен на 5 јануари, по 17 дена потрага поради киднапирање и злоупотреба на девојчето Моника Каримановиќ (12). Родителите на озлогласениот „Малчански бербер“, кои за разлика од нивниот син важат за вредни земјоделци и луѓе за пример, ја српските медиуми ја „отворија душата“ и открија низ каков пекол минувале со својот син во изминатите години.

– Подобро да го убиеа. Ќе отидевме на гробишта, ќе се изнаплачевме и ќе дојдевме дома. Но ова…- ги раширила рацете Славица, потсетувајќи се на проблемите кои Нинослав и ги предизвикал во текот на својот живот.

Славица, заедно со сопругот Душко, речиси цел живот имале проблеми поради својот син, направиле сѐ за да го вратат на вистинскиот пат, но неуспешно.

– Од кога имаше една година е лекуван, па двапати лежеше во болница. Проблемите започнаа кога беше петто одделение. Ќе го нема по 10-тина дена, ќе направи некакви измами, па се враќа. Додека ги вратиме договите тој беше мирен, па повторно си заминува. Проблемите со него беа уште откога се роди, а се боревме сѐ до неговата 14, 15 година, да му даваме лекови. Не сакаше да ги пие, ги криеше и никогаш не ги голташе – разкажува мајката.

Кога и како на Нинослав му се јавила опсесијата со коса и шишање – не знаат, никогаш не им кажал. Првата таква епизода, која според нив, го најавила неговото пореметување, се случила кога имал седум или осум години.

– Беше дете, прво или второ одделение. Јатрвата има ќеркичка, живеат во соседството, и децата си играа заедно. И таа ми вели: „Леле Славице, твојот Нинослав на мојата ќерка и ја исече косата. Не знаевме што значи тоа, мислевме дека е детска игра. Првиот пат кога издржуваше девет години за силување, тој беше дома само 45 дена, за повторно да направи силување и да служи 12 години затвор, кога излезе во јануари 2018. И во октомври повторно беше притворен. Откога се роди, ние немаме мир – добив и шеќер (дијабет) и притисок. Сѐ правевме за да му овозможиме нормални услови за живот, но кренавме раце од него, ни остави само трауми – сведочи Славица за српските медиуми.

Освен тоа што често им го нарушувал животот, Нинослав создавал најразлични проблеми за своите родители, тие велат дека му давале многу шанси, верувале во него и се надевале дека ќе се подобри по неколкуте затворски казни, но попусто.

– Секогаш нешто му сметаше. Му готвев, перев, а тој цело време се закануваше дека сака да убие некој сосед. Во некои случаи, намерно предизвикуваше расправии за да има причина да побегне од дома. Ние одевме на нива, а тој викаше: “Не сакам повеќе да работам, не сакам да бида слуга”. Кога ќе се вратевме дома, тој продолжува да се жали. Еднаш влегов во подрумот да ги измијам кофите, а тој се појави на вратата. Си помислив – сега ќе ме убие. И довикнав на снаата, па таа дојде, но оттогаш не влегував сама да ја вршам таа работа – се сеќава Славица, во дел од бројните детални сведоштва кои ги раскажа за својот син Нинослав.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот