Случајот со Малчанскиот бербер сѐ уште предизвикува страв ширум Србија

Фото: Српско МВР

Мештани на српко село од вчера се вознемирени и преплашени, бидејќи првенствено се сомневале дека некој се обидел да киднапира две деца, но епилогот на настанот е сосема различен.

По киднапирањето на Моника Каримановиќ, случајот „Малчански бербер“ и понатаму внесува „страв во коските“ кај луѓето во Србија, особено децата. Ова може да се заклучи по реакцијата на брат и сестра од селото Крнуле.

Мештаните на ова село од вчера се вознемирени и преплашени, бидејќи првенствено се сомневале дека некој се обидел да киднапира две деца, но епилогот на настанот е сосема различен.

Предупредувањето дека непознат маж вчераутро наводно имал намера да киднапира шестгодишно момче и неговата дванаесетгодишна сестра кога чекале превоз до училиште првенствено осамна на социјалните мрежи, пренесува српски „Телеграф“.

Децата наводно побегнале од патот во својата улица, кога во густата магла забележале бел „голф 4“ зад чиј волан седел непознат маж кој имал брада.

Сепак, тоа не бил обид за киднапирање, потврдено е за српскиот медиум од локалната полициска станица.

Децата всушност биле само исплашени и под влијание на киднапирањето и потрагата по девојчето кое го киднапираше Малчанскиот бербер, а непознатиот човек всушност само залутал во улицата кадешто живеат децата.

– Полицијата го истражи случајот. Немало никаков контакт мешу децата и непознатиот маж, а освен Вишото обвинителство, информиран за случајот е и Центарот за социјална работа. На крајот се дозна дека децата така реагирале оти се исплашиле да не бидат киднапирани, а социјален работник во записникот констатираше дека децата биле под влијание на киднапирањето на Моника Каримановиќ – вели извор на „Телеграф“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот