Запознајте ја сестрата на Меланија Трамп – Сосема различна, многу љубезна и креативна личност (ФОТО+ВИДЕО)

Фото: EPA/CHRIS KLEPONIS

Инес е многу заштитнички настроена кон својата помлада сестра…

Додека нејзиниот сопруг ги извршува претседателските должности, првата дама на Америка, Меланија Трамп, се повеќе се дружи со својата сестра Инес Кнаус, која живее во Њујорк.

За сестрата на Меланија познати се малку нешта – само дека живее во луксузен двособен стан на Парк Авенија, кој е во сопственост на организацијата на Трамп и дека е уметница.

„Тие се многу блиски, Инес е многу љубезна и креативна личност“ – изјавила Одри Грус, филантропка од Палм Бич.

U want photos ! ? ! I'll give u photos ? here w/ Louisa Beccaria

Publiée par Ines Knauss sur Jeudi 31 mars 2016

Инес со јавноста комуницира само по пат на својот Фејсбук профил, на кој што повеќе зборува за својата сестра отколку за себе.

И двете ја напуштиле Словенија и заминале во Милано, каде што Меланија работела како манекенка, а Инес се обидувала да се пробие како модна дизајнерка.

Publiée par Ines Knauss sur Dimanche 11 décembre 2016

„Инес не е како другите девојки кои што се однесуваат како кралици. Таа навистина е љубезна и зрела“ – раскажал некој фотограф од Париз.

Инаку, Инес е многу заштитнички настроена кон својата помлада сестра, па жестоко ја бранеше кога се појавија информации за мажите со кои што Меланија била во љубовна врска, пренесува „New York Post“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот