Замрзнати сите сметки кои се поврзани со Навални

Банкарските сметки поврзани со лидерот на опозицијата Алексеј Навални се замрзнати од страна на Руските власти, соопштија истражителите.

Според информациите, меѓу замрзнатите сметки е и сметката на Антикорупцискиот фонд основан од Навални, лични сметки на некои негови соработници, како и оние што му припаѓаат на неговиот штаб.

Ваквиот чекор беше очекуван, откако истражителите во саботата отворија кривична истрага дека Фондацијата Навални наводно испрала една милијарда рубљи (околу 15,31 милиони долари).

Сепак, тој и неговите соработници тврдат дека Фондацијата транспарентно е финансирана од јавни донации.

Навални во моментов е во затвор поради кршење на руските строги закони за протести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот