За Меган Маркл и принцот Хари ќе нема назад ако зборуваат за деталите од јубилејот на кралицата

Фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN/Инстаграм

Судејќи според сè погласните гласини, доаѓањето на прославата за јубилејот на кралицата е последната шанса што кралското семејство им ја даде на Меган и Хари барем делумно да ги поправат заладените односи, а доколку овојпат не успеат, нема да има простор за нови можности, пишува „tportal“.

Ако 37-годишниот принц Хари и 40-годишната Меган Маркл, кои моментално живеат со своите деца во луксузна вила во Калифорнија, зборуваат за деталите од јубилејот на кралицата, тоа би можело да им се врати како бумеранг. Војводата и војвотката од Сасекс пристигнаа во Лондон на големата прослава, но не поминаа многу време со членовите на кралското семејство.

Читачите од усни открија четири збора што Меган му ги кажа на Хари на прославата на јубилејот на кралицата

Со принцот Вилијам и Кејт Мидлтон немало приватна средба, а кралицата им забранила да го фотографираат моментот на нејзината средба со едногодишната Лилибет, која првпат ја видела во живо.

кејт мидлтон
Вилијам и Кејт / Фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Се грижеше Меган и Хари да не ја искористат можноста тајно да направат фотографија, која потоа, најверојатно, ќе ја споделат на социјалните мрежи или ќе ја најдат во мемоарите на принцот, кои наскоро би требало да ја видат светлината на денот.

„Протокол си е протокол“: Принцот Хари и Меган успешно ги „избегнаа“ принцот Вилијам и Кејт

И како што тврди кралскиот биограф и новинар Данкан Ларкомб, вистинскиот тест за кралската двојка допрва доаѓа: „Ако нешто протече во јавноста од викендот, убеден сум дека тие целосно ќе се откажат од нив и нема да има враќање назад. Тие дојдоа во Велика Британија да го прослават јубилејот и повторно се претставија како членови на кралското семејство. И самите се свесни дека тоа е добро за нивниот бренд, но и дека би било одлично за Spotify, Netflix или Penguin, со кои имаат потпишано профитабилни договори“.

Принцот Хари сака извинување за третманот на платинестиот јубилеј, тврди кралски експерт

меган маркл
Меган и Хари / Фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Тој додаде дека нивното понатамошно однесување ќе ја диктира нивната иднина и односот со остатокот од кралското семејство. „Хари и Меган ќе уништат сè доколку некоја приватна информација за викендот стигне до медиумите или биде откриена во книга“.

Според Данкан Ларкомб, Сасекси пристигнале во Британија за да ги „средат односите“, но наместо тоа „налетале на ѕид“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот