Читачите од усни открија четири збора што Меган му ги кажа на Хари на прославата на јубилејот на кралицата

Фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN/Инстаграм

Меган Маркл и принцот Хари беа речиси незабележани во текот на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора по разните тензии меѓу одбегнатата брачна двојка и кралското семејство што се случија во последните неколку години.

Меган и Хари се појавија во катедралата „Свети Павле“ минатиот петок, седејќи во вториот ред, недалеку од остатокот од кралското семејство, а експерт за читање усни откри прилично смирувачка реченица којашто Меган му ја упатила на Хари во текот на службата.

Имено, Меган во еден момент во текот на 50-минутната церемонија му рекла на Хари: „Да, ќе биде добро“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Meghan Harry (@meghan_harry_br)

Војвотката и војводата од Сасекс седеле недалеку од принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон и од таткото на Хари, принцот Чарлс и неговата сопруга Камила. Договорите, наводно, се подготвувале со месеци и биле специјално осмислени да ги спречат Хари и принцот Вилијам „да се соочат лице в лице“.

– Кралското семејство одлучи дека нема да има фотографии кои би можеле да го откријат непријателството меѓу Хари и Вилијам – рекла Ингрид Севард за „Fabulous“.

„На Хари му беше тешко да го „проголта“ она што стана „втор ред на кралското семејство“, додала таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DNARoyals (@dnaroyals)


Меган и Хари се вратија во Калифорнија пред да заврши платинестиот јубилеј на кралицата, на што изворот коментирал дека „немало помпа, тие само си заминале, не задржувајќи се на платинестиот јубилеј на кралицата“.

Војвотката и војводата од Сасекс ја одбија можноста да грицкаат и да пијат со членовите на кралското семејство по церемонијата, а исто така ја пропуштија забавата одржана во саботата вечерта во Бакингемската палата, каде Чарлс и Вилијам одржаа говори пред 120.000 луѓе.

„Протокол си е протокол“: Принцот Хари и Меган успешно ги „избегнаа“ принцот Вилијам и Кејт

ФОТО | Кејт Мидлтон повторно покажа скромност: Со стајлингот ѝ оддаде чест на принцезата Дијана

ФОТО | Кејт Мидлтон повторно покажа скромност: Со стајлингот ѝ оддаде чест на принцезата Дијана

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот