Вујовиќ: Доколку на реваншот одиме да браниме четири голови разлика, нема да успееме

„Црвено-црните“ во Загреб ќе бркаат нов пласман на Ф4 турнирите во СЕХА/Фото: seha-liga.com

Во првиот натпревар од четвртфиналето во СЕХА Газпром лигата Вардар1961 во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје славеше со 24:20 против ППД Загреб.

Реванш мечот во Хрватска ќе се одигра во вторник (31 август) со почеток од 20.00 часот, а се најавува дека во салата „Сутинска врела“ ќе биде дозволено да има побулика.

Денеска РК Вардар1961 ги информираше навивачите дека започнува продажбата на сезонски билети за натпреварите на „црвено-црните“.

Во пресрет на возвратната пресметка против хрватската екипа своите очекувањата ги сподели тренерот на скопскиот клуб, Веселин Вујовиќ:

– Сигурно нè очекува еден тежок натпревар, јас сметам дека мораме да одиграме навистина добро. Но, доколку одиме да браниме четири голови разлика, нема да се пласираме на Фајнал-фор турнирот. Ние таму треба да одиграме натпревар за да победиме. ППД Загреб сигурно ќе има свои причини и мотиви, нема да се откаже така лесно од намерата да се најде на Ф4 турнирот во Задар и да нема ниту една хрватска екипа на тој настан. Јас сакам на крајот Вардар1961 биде учесник на завршниот турнир.

На реваншот сигурно ќе има многу критериуми, како се отвора натпреварот, какво ќе биде судењето, правење на некои фаули. Двете екипи покажаа дека играат сериозен физички ракомет, со многу контакти. Колку судиите ќе толерираат, дали публиката ќе влијае на тоа, факторот среќа, сите тие се фактори на кои треба да се обрне внимание. Шансите се на наша страна, четири голови се сериозна предност. Се надевам дека ќе постигнеме повеќе од 20 голови, па противникот мора потоа да брка победа од пет разлика, па ќе видиме што ќе се случи на теренот – вели Вујовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот