Почнува продажбата на сезонски билети за натпреварите на РК Вардар1961

Продажбата на сезонските билети ќе трае до 14 септември 2021 година/Фото: RK Vardar1961

Од денеска (30 август 2021 година) од 12.00 часот, почнува продажбата на сезонски билети за натпреварите на РК Вардар1961 што ќе ги игра клубот на домашен терен, во Лигата на шампионите, СЕХА лигата и домашното првенство.

Продажбата на сезонските билети ќе трае до 14 септември 2021 година, а потоа доколку има слободни билети ќе има и индивидуална продажба за секој поединечен меч од ЛШ и СЕХА лигата, за што дополнително ќе има известување.

Продажбата на билетите ќе се врши:
Онлајн на www.kupikartizase.com
и на сите продажни места на ККЗС низ Македонија (https://www.kupikartizase.com/Home/SalesLocations).

Натпреварите ќе бидат организирани согласно протоколот за работа и одржување натпревари усвоен од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство на Република Северна Македонија. Истите ќе бидат со ограничен број на публика. За натпреварите на домашен терен, салата во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје ќе може да биде исполнет со максимално 30 отсто од капацитетот.

На самиот влез секој гледач покрај билет ќе треба да покаже и:
* сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД-19 или
*сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

Без соодветен сертификат/потврда нема да може да влезете во салата дури иако имате купено билет (сезонски или индивидуален) за натпреварите.

Цени на сезонските билети:
Блокови 1, 2 и 9:
Цена – 2.500 денари

Блокови 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 11, 12, 13, 14 и 15:
Цена – 3.000 денари

Блокови А2, А3, А5 и А6:
Цена – 3.500 денари

Од 15 септември 2021 година почнува продажбата на индивидуални билети за првиот меч од ЕХФ лигата на шампионите на домашен терен, против Мешков Брест што е закажан за 22 септември.

Распоредот и саатниците на првите 10 кола од ЛШ можете да го видите на следниот линк:

Последните четири кола од групната фаза се играат во 2022 година, и дефинитивните датуми на истите се уште не се дефинирани.
11 коло, 16/17.02, Монпелје – Вардар
12 коло, 23/24.02, Вардар – Загреб
13 коло, 02/03.03, Мешков Брест – Вардар
14 коло, 09/10.03, Вардар – Елверум

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот