Вучиќ се огласи за случајот со исчезнувањето на момчето од Сплит во Белград: „Имаат скица за тоа што можело да се случи“

Александар Вучиќ „Отворен Балкан“
Александар Вучиќ / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека знае многу детали за случајот со исчезнувањето на Матеј Периш од Сплит во Белград, но дека полицијата ќе биде единствената отворена за дополнителни информации за настанот.

-Полицијата ќе биде единствената која ќе даава дополнителни информации, засега немаат суштинско решение за негово пронаоѓање – кусо одговори српскиот претседател.

Вучиќ се надева дека надлежните органи ќе направат се за да го пронајдат исчезнатиот млад човек.

-Се надевам дека нашите надлежни органи ќе успеат да го пронајдат исчезнатото момче од Сплит . Единствено што можам да кажам е дека нашата полиција и нашите надлежни органи навистина прават се да го пронајдат. Тие веќе имаат скица за тоа што можело да се случи. Ни треба уште многу труд и труд за да дадеме се од себе и да се обидеме да го најдеме тој млад човек – изјави Вучиќ.

 


Матеј Периш (27) од Сплит последен пат бил виден околу 2 часот и 30 минути на 30 декември во ноќниот клуб „Готик“, каде бил со неколку негови пријатели со кои дошол во Белград за прослава на новогодишната ноќ.

ВИДЕО| Две верзии за исчезнувањето на сплиќанецот Матеја во Белград

ВИДЕО| Две верзии за исчезнувањето на сплиќанецот Матеја во Белград

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот