ВИДЕО| Две верзии за исчезнувањето на сплиќанецот Матеја во Белград

Поминаа речиси три дена од исчезнувањето на 26 годишниот Матеја Периша  од Сплит, кому му се губи секоја трага ноќта меѓу четврток и петок, последните денови од старата година. Неговиот татко Ненад денеска слета во Белград за да се вклучи во потрагата по неговиот син.

Како што јавуваат српските медиуми “ полицијата со два чамци ја пребарува реката. Неофицијално, се сомнева дека Матеј паднал преку оградата откако го напуштил „Готик“.

Пред да замине во клубот, Матеј и неговите пријатели ручале во блискиот ресторан. Во текот на денот немало никакви инциденти ниту пак има индиции дека се случила тепачка внатре или надвор од клубот. Во клубот му се губи секоја трага. Исчезнувањето на Матеј го пријавил неговиот пријател на 31 декември во 18 часот. Матеј со седум пријатели, пд Сплит , дошол во Белград за дочек на Новата година.

принтскрин БЛИЦ.РС

И истрагата и блиските на изчезнатиот Матеја се потпираат на надзорните камери. Неофицијално, Матеја бил снимен од камерите како го напушта клубот. Се шпекулира и дека следниот ден бил виден како повикува такси во центарот на градот.

Сакото му останало во локалот, па носел само црна маица, панталони и црни патики со бел ѓон.

Речната полиција со два чамци ја пребарува реката, додека таткото на Матеј, Ненад, се уште е во Бетонската сала, до кафулето „Готик“ каде последен пат бил виден неговиот син.

принтскрин БЛИЦ РС

„Полициските службеници од моментот на пријавување на исчезнувањето ги преземаат сите мерки и дејствија согласно законот за пронаоѓање на исчезнатиот млад човек“, се наведува во соопштението“,на МВР  Србија. .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот